На наговарање на кралицата Елизабета, Кејт Мидлтон на официјалната турнеја по Австралија ќе носи нешто поскапа облека отколку што навикнала. Додека турнејата на кралскиот пат во Австралија се приближува, се повеќе внимание се посветува на гардеробата која војвотката од Кембриџ ќе ја носи.

Кејт е позната и сакана поради тоа што сака да носи облека која е достапна за сите, но кралицата и рекла пред поаѓањето за Австралија да ја поднови гардеробата, вклучувајќи го и тамошниот бренд “Ralph & Russo”, чии комплети се продаваат и по цени до 50 илјади фунти.