Кралицата на Велика Бротанија и принцот Филип задоцниле 15 минути на отворање на клиника во Англија, бидејќи кон неа тргнале со автобус. Кралицата со принцот влегла во градски автобус и се упатила кон Кембриџ на отворање на клиника за медицински истражувања.
Прво со воз пристигнале до еден дел на Кембриџ, за потоа да преминат во градски автобус за остатокот од патот. Иако граѓаните биле воодушевени од нејзиниот потег, со кој покажала дека е една од нив, таа сепак задоцнила 15 минути на отворањето на клиниката вредна 212 милиони фунти.