Кралицата Елизабета Втора е прогласена за најмоќна жена во Велика Британија во изборот на BBC. Британската кралица се нашла на самиот врв на листата од 100 најмоќни жени, која била претставена во рамките на емисијата „Woman’s Hour“ на британскиот јавен сервис. Во листата воглавно доминирале политичарки и жени кои се занимаваат со бизнис, како Тереза Меј, министерката за внатрешни работи, која е втора на листата, и Ана Борин, претседателката на банката Сантандер, која го зазела третото место.

Меѓу стоте најмоќни жени на Островот се нашла и Џоана Роулинг, авторката на популарната серија книги и филмови за волшебникот Хари Потер, но не и Кејт Мидлтон, за која составувачите на листата рекле дека иако има огромно влијание, сеуште нема моќ.