Британската кралица Елизабета Втора и нејзините внуци, војводата и војвотката од Кембриџ и принцот Хари ќе бидат меѓу првите кои ќе ги видат новите авантури на тајниот агент 007 на 26 октомври во Ројал Алберт Хол во Лондон. Познато е дека најпознатиот филмски шпиун Џејмс Бонд е во служба на кралицата од 1969 година. Свесна за вредноста на својот најдобар агент, кралицата веќе му честита и му заблагодари во 2012 година кога го постави за свој телохранител на денот на отворањето на Олимписките игри во Лондон. Следниот месец, повторно ќе му оддаден признание на својот омилен поданик така што ќе присуствува на светската премиера на „Спектре“, вториот филм за Бонд во режија на Сем Мендес.

 

Филмот ќе биде прикажанво престижниот Ројал Алберт Хол, а кралицата на проекцијата ќе присуствува во друштво на принцовите Вилијам и Хари како и принцезата Кејт. Сите главни јунаци на филмот исто така ќе бидат во салата, а меѓу нив се Даниел Крег, Кристофер Валц, Моника Белучи и Леа Сејду, но и режисерот Сем Мендес, како и главната продуцентка Барбара Броколи. Премиерата ќе има и добротворен караткер, целииот приход ќе биде наменет за хуманитарните организации кои ги помагаат уметниците.