Британската кралица Елизабета II пронашла нов, магичен начин на заработка. И изнајмила дел од огромната шума Свинли недалеку од дворецот Винсдор на филмската компанија Ворнер Брос за снимање на новиот филм за Хари Потер.


Следните два месеци главните ѕвезди на филмскиот серијал за малиот волшебник, па и самиот Потер, односно актерот Даниел Редклиф, ќе го снимаат последното продолжение од серијалот заснован врз романите на ЈК Ролинг, под наслов Хари Потер и подароци на смртта.

Кралицата наводно е воодушевена од овој потег бидејќи го обожава Хари Потер. Износот за наемот се држи во тајност, но британскиот Сан дознава дека е помрсен.