Во оглас кој го дала Бакингамската палата се бара помошник на главниот готвач со годишна плата од 23 илјади фунти. Кандидатите мораат да бидат квалификувани за припремање јадења за две лица до банкет за 200 гости и приеми за 800 поканети лица. Покрај добро познавање на француската готвачка терминологија, од нив се барало да поседуваат вистинска страст кон готвењето. Иако воглавно ќе се работи во палатата, мораат да бидат спремни да минат и до три месеци годишно и во некои други кралски резиденции, како замокот Балморал во Шкотска или палатата Сандрингем, на истокот на Англија, како и да се подлегнат на драстични мерки за безбедност и дискреција.
Кандидатите мораат да се пријават на огласот до 10 мај, а како значајна предност ќе се смета искуство во угостителски објект со пет ѕвезди. Задачата на помошникот готвач на шефот на кујната ќе биде да спрема свежи јадења во склад со нависоките критериуми за кавлитет.