Тина Тарнер, чиј моќен глас и динамични танцови движења и ја донесоа круната на кралицата на рокот во текот на 60-годишната кариера, почина денеска на 83-годишна возраст.

Легендарната пејачка почина по долго боледување во нејзиниот дом во близина на Цирих во Швајцарија, јавуваат светските агенции.

Од 1994 година, пејачката со американско потекло живееше во Швајцарија со нејзиниот сопруг, германскиот актер и музички продуцент Ервин Бах. Таа доби швајцарско државјанство во 2013 година. Во последниве години таа се бореше со голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи мозочен удар, рак на цревата и целосна бубрежна инсуфициенција која бара трансплантација на орган.

Тина Тарнер имаше една од најдолгите кариери во историјата на рокот. Имаше бројни хитови, добитник е на Греми и други мјузички награди, и член е на Рокенрол Куќата на славните.

Родена како Ана Меј Булок на 26 ноември 1939 година во градот Натбуш, Тенеси, Тарнер почна да пее во баптистички црковен хор. Нејзиното детство не беше среќно, на 11-годишна возраст нејзината мајка го напуштила домот во обид да побегне од сопругот. Две години подоцна, кога Тарнер била тинејџерка, нејзиниот татко се оженил со друга жена и ја напуштил државата, оставајќи ги Тарнер и нејзините сестри да се грижат за нејзината баба.

Како фронт-жена во „Ike & Tina Turner Revue“, во 1960-тите го исфрли големиот хит „Proud Mary“. Соло кариерата ја почна во 70-тите, a во следната деценија ги отпеа хитовите „What’s Love Got to Do with It“, „The Best“ и „Private Dancer“ – станувајќи една од најпродаваните женски уметници на планетата.

Раните години од кариерата на Тарнер ги одбележаа нејзиниот бурен брак со музичкиот партнер Ајк Тарнер, исполнет со физичко и психичко малтретирање. (Тој умре во 2007 година.) Нејзиното преживување и ужасно бегство беа драматизирани во филмот од 1993 година „Што има љубовта“ со тоа со Анџела Басет во главната улога.

Но, таа се врати посилна од било кога. Во 80-тите ќе се забележат нејзините хитови како „What’s Love Got To Do with It“, „Private Dancer“ и “We Don’t Need Another Hero (Thunderdome),”, а видеата на новиот MTV ја направија ѕвезда за целата нова генерација и ја трансформираа во глобална икона. Нејзиниот албум „Private Dancer“ од 1984 година заработи четири Греми награди и се продаде вомилионски тираш ширум светот.

Нејзиниот успех продолжи во текот на 90-тите, кога Тарнер издаде неколку високопродавани албуми и  ја отпеа темата на темата за Џејмс Бонд, “Golden Eye”.

Во 2008 година таа објави дека нејзината турнејата „50th Anniversary“, ќе биде нејзината последна, и од тој момент таа во голема мера се повлече од музичката индустрија. Таа почна повеќе да се фокусира на нејзиниот приватен живот, особено на врската со германскиот актер и музички продуцент Ервин Бах. По неколку децении заедно, парот се венча во 2013 година,

Животот на Тарнер неодамна документа го документираше HBO.

OhridNews