Составот на Реал Мадрид освои само бод во дуелот со Реал Сосиедад, ремизирајќи 1-1 (0-0), во мечот од 25-та рунда во шпанската Ла лига.
Бодот не е добивка за „кралевите“ во битката со Атлетико Мадрид за титулата во Примера, но сепак е значаен, бидејќи го обезбедија со гол во 89-та минута. Стрелец беше Винисиус. Претходно, за гостите реализираше Порту, во 55-та минута од мечот.
Пулените на Карло Анчелоти со 1-0 го совладаа Саутемптон и го задржаа чекорот во борбата за топ 4 во англиската Премиер лига. Погодокот кој го одлучи победникот падна во 9-та минута. Егзекутор беше Ричарлисон. Евертон со 43 бодови е седмопласиран, а четвртотпласираниот Вест Хем има два бодови повеќе.
OhridNews