Фудбалерите на Реал Мадрид со триумф ја започнаа Новата 2020 година совладувајќи го составот на Хетафе со 0-3 (0-1) на „Алфонсо Перез“ стадионот во рамките од 19-та рунда во Ла лига.
Творец на победата беше дефанзивецот Рафаел Варан. Францускиот репрезентативец директно учествуваше во двата погодоци кои го одлучија победникот. Варан при првиот погодок му посмета на домашниот голман кој неспрено реагираше и ја затресе сопствената мрежа, а за вториот прецизно биеше со глава. Триумфот го запечати Лука Модриќ со погодокот во судиското продолжение.
Со трите бодови Реал Мадрид се искачи на првата позиција пред Барселона која во 19-та рунда силите ќе ги одмери со Еспањол.
OhridNews