„Кралевите“ ќе мора да почнат потрага по нова супер ѕвезда откако голгетерот на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе отфрли трансфер на Сантијаго Бернабеу. Францускиот репрезентативец беше водечки фудбалер на трансфер листата на Реал Мадрид, но најтрофејниот клуб во Европа ќе мора да се насочи кон друг фудбалер.
- Во ПСЖ сум и сакам да бидам дел од големиот проект. Добро е за Реал Мадрид што се врати Зидан, но јас ќе ги пратам само навивач. – прокоментира кратко Мбапе.
Младиот фудбалер на дуелот со Монако ги постигна трите погодоци во победата 3-1 и стана првиот фудбалер кој постигнал повеќе од 30 голови во една сезона после легендата на „светците“, Жан пјер Папен.
OhridNews