Составот на Реал Мадрид го повлече првиот потег на трансфер пазарот доведувајќи го Лука Јовиќ од германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт.
„Кралевите“ за услугите на српскиот репрезентативец на клубот од Германија ќе му исплатат 60 милиони евра. 21-годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор со најтрофејниот клуб на стариот континент.
- Силен, добар техничар, а шутира со двете нозе. Без разлика што е млад во неговите нозе има искуство од играње големи натпревари, а покрај тоа освојувал титули во Србија, Португалија и Германија, како и со младинската репрезентација на Србија. – стои во соопштението од Реал Мадрид.
Јовиќ вниманието го привлече со добрите игри во Лигата на Европа и Бундес лигата. Во европското натпреварување Јовиќ постигна 10 голови, додека во германскиот шампионат српскиот голгетер противничката мрежа ја затресол 17 пати.
? #WelcomeJovic pic.twitter.com/moSEJGg8d8
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) June 4, 2019
После завршување на оваа зделка, Реал Мадрид ќе се насочи кон Еден Азард кој исто како Јовиќ е голема желба на тренерот Зинедин Зидан.
OhridNews