Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид најави жестока парична казна за српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Офанзивниот фудбалер ќе биде казнет со две месечни плати (1,5 милиони евра) поради невнимание. Имено, Јовиќ во својот дом се здоби со фрактура на стапалото и ќе паузира најмалку шест недели.

Репрезентативецот на „орлите“ во фокусот на јавноста одреден период беше поради непочитување на мерките и препораките во време на пандемија. Јовиќ, ги прекрши сите правила откако од Шпанија се врати во Србија.

Лесно може да се случи Јовиќ да има кратка авантура во Мадрид и клубот да го пушти на позајмица или пак продаде. Заинтересиран за Јовиќ беше тимот на Милан.

OhridNews

Лука Јовиќ е малер на годината, го скршил стапалото во својот дом