– Реконструкцијата на објектот е целосно готова, финишира постапката за технички прием по што се надевам дека до крајот на овој месец универзитетот ќе се всели во Домот на АРМ, изјави Тодоров. Тој посочи дека објектот бил готов уште во декември, но се чекало на проектот за употреба за да се исполнат законските услови.
Инаку Домот на АРМ е привремено решение за Универзитетот за информатички технологии кој ќе биде сместен во охридската касарна. Министерот Тодоров очекува адаптацијата на касарната за образовни потреби да заврши во период од две до три години.
Одговарајќи на новинарско прашање за објавениот конкурс за прием на ученици во средните училишта во Охрид со кој се предвидени две паралелки на албански јазик, Тодоров истакна дека таква можност била предвидена и минатата година.
– Годинава во Охрид основно образование завршуваат 46 ученици Албанци. Имајќи предвид дека средното образование е задолжително обврска е на државата и на локалната самоуправа да обезбедат можност за тоа, а дали во Охрид ќе се запишат во средно училиште ученици Албанци е право на избор, но до сега тие се запишуваа во Струга и во другите градови, рече Тодоров.