По мала пауза на македонската сцена, Ѓоко Танески се враќа со нов сингл како и видео запис за истиот. Како и сите претходни песни така и оваа изобилува со многу емоции кои допираат до сите. Се работи за љубовна приказна, која на секого му е позната од секојдневието. Спотот беше снимен на повеќе локации во Скопје, а во него учествуваат ,многу млади луѓе.
Овој сингл, како и неговиот спот се изработени од субвенциите на Владата на РМ, со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, при што ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година финансира создавање на 200 нови комопзиции, информираат од продукцијата.
Автор на текстот е Ксенија Николовска, додека музиката и аранжманот се на Зоран Алексиќ. Продуцент на аудио записот и продуцент на видео записот е Скај Ај Ентертејмент.
Песната “Крајот е само збор” е веќе во етерот, а видео записот може да се најде на официјалниот јутјуб канал на Скај Ај Ентертејмент продукција.
OhridNews