Официјалниот број од 11. 000 легла е далеку од реалниот, потенцираат од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери.

Според нив, неофицијалните податоци говорат дека во градов има околу 36. 000 приватни легла. Ако ним им се додадат и оние од хотелското сместување, тогаш реалната бројка е многу поголема од официјалниот податок кој го презентираат од Секторот за локален економски развој. Од оваа советничка група бараат да се утврди и колку од вкупно регистрираните  станоиздавачи се жители на други градови во земјава.



Раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоноски, потврди дека меѓу регистрираните станоиздавачи има лица кои не живеат во охрид. Тој рече дека и понатаму постои проблемот при регистрацијата на станоиздавачите, но потенцира дека Охрид е на првото место во земјава во однос на реализацијата на  процесот на категоризација.

Процесот на кетегоризација во Охрид се спроведува четири години. Во текот на овој период Секторот за локален економски развој успеал да евидентира вкупно 1. 830 станоиздавачи, од кои 500 се евидентирани во изминатата година и половина.

OhridNews