Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов направи крајно неспортски потег на мечот Зомимак – Вардар ПРО, кој заврши без победник 24-24.

Пивотменот по еден неуспешен обид да постигне погодок, со “бодичек“ го разнесе судијата. Откако се созеде судијата му додели црвен картон на Стоилов, а на теренот настана мешаница по која мечот одредено време беше прекинат.


Со ремито на гостински терен Вардар ПРО драстично си ја искомпликува борбата за титула во македонскиот шампионат со Металург.

Мх.П.