Македонскиот интернационалец во дресот на Вест Бромвич Албион, Горан Попов во 47-та минута заработи директен црвен картон на мечот со Тотенхем во Премиер лигата поради плукање на противнички фудбалер.


Попов по еден дуел со противничкиот фудбалер Кајл Вокер влезе во вербален разговор, кој го заврши со плукање. Линискиот судија го забележа тоа, му сугерираше на главниот арбитар Марк Клатенбург и го испратија Попов на ладање.

По судиските правила за директен црвен картон следува три меча суспензија, а федерација на Англија може да биде и поригорозна за крајно непрофесионалниот потег на Попов.

Со десет фудбалери на теренот избраниците на Стив Кларк беа немоќно против разгираниот состав на Тотенхем. Човек на одлука беше Велшанецот, Герет Бејл, кој во 66-та минута го постигна победничкиот погодок за “спарси“ на гостувањето во Бирмингем.

Мх.П.