–Крајно време е владите да сватат дека без децентрализација на власта не можеме ни Албанија ни Македонија да одиме напред. Не треба да изигруваме децентрализација туку треба реална стварна децентрализација. Штом децентрализацијата дојде како што треба тогаш сите проблемите се решаваат и во однос на заштитата на Охридското Езеро и рибниот фонд и бродската линија, изјави градоначалникот на Охрид Александар Птрески. Според него градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец многу поефикасно можат да се договорат за сите прашања бидејќи граѓаните од овој регион се многу поблиски отколку Скопје и Тирана.
На иста линија е и градоначалникот на Поградец Артан Шкамби. Според него заштитата на Охридското Езеро ќе биде многу поефикасна доколку грижата за него им се препушти на општините.
– Ингеренциите за плажите на Охридското Езеро и риболовот треба да им се препуштат на локалните самоуправи и се’ додека за тоа се грижат централните власти тешко може да се донесе било каква забрана и да се заштити Охридското Езеро. Лично сметам дека треба да се заштити во целост флората и фауната во Охридското Езеро и тоа треба да се направи час поскоро, вели Шкамби.