Со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност-EXBS при Амбасадата на САД во Скопје, во текот на месец јуни во водите на Охридското Езеро и на охридското крајбрежје бил реализиран Меѓународен курс за управување со чамци на Крајбрежната стража на САД.

На меѓународниот курс учествувале полициски службеници од Граничната полиција Запад и Југ и царински службеници од Царинската управа на Република Македонија, како и полициски службеници од Албанија и Косово.

-Курсот беше наменет за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Активностите беа водени од инструктори на Крајбрежната стража на САД, а целта на овој курс беше да ги запознае службениците со постапките за безбедно и ефикасно управување со чамци помали од 15 метри во должина, информираат од МВР.

Оттаму објаснуваат дека обуката вклучувала теми за одговорност на персоналот за чамците, управување со ризици, вештини во пристаниште, превентивно оддржување, вештини за управување со чамци, спасување на пероналот, контрола на жртви како и пловење и процеси за проценка на ризик.

OhridNews