Познатиот австралиски актер Расел Кроу се изгубил со својот кајак минатиот викенд.

Тој и неговиот пријател веслале во близина на Лонг Ајленд но некако се изгубиле, а набргу паднал мрак. За среќа успеале да стигнат до обала 16 километри од местото од кое започнале да веслаат.
Тие повикале помош па крајбрежната стража ги вратила до нивниот автомобил.