Германската новинска агенција ДПА објави дека Ралф Шумахер следната сезона ќе паузира во Формула1. Помладиот брат на седумкратниот светски првак, Михаел, засега уште не ја потврдил оваа вест. Но, со ваквата информација растат и шпекулациите дека всушност е можно Ралф Шумахер да ја заврши својата кариера.
Минатиот месец Ралф го напушти тимот на Тојота, за кој возеше три години, а не оствари ниту една победа. Во кариерата во 180 трки оствари 6 победи, а 27 пати се искачи на победничкиот пиедестал.
Пред три недели тој го тестираше болидот на Форце Индиа, по што изјави:
„Ова би можело да биде моето последно возење во болид на Формула 1“
Тојота наместо со Ралф Шумахер, потпиша договор со друг германец, 25-годишниот Тим Глок.
ohridnews