Роберто Манчини е новиот менаџер на Манчестер Сити. Иако на вчерашниот натпревар ѓраганите триумфираа над Сандерленд сепак тоа не беше доволно за опстанок на Марк Хјуз.


Манчини кој во минатото беше кормилар на неро-азурите потпиша три и пол годишен договор со Манчестер Сити.


Италијанецот со Интер освои три титули по ред во Сериа А пред да биде заменет со специјалниот Хозе Мурињо.

М.П.