Загреб беше тимот кој во текот на целиот меч беше во предност, но “металурзуите“ успеваа најдат сили и резултатски да се вратат во мечот. По првиот период беше 12-10, а на средина на вториот на семафорот стоеше 14-14. По мини серијата и неколкуте контраодлуки за Металруг, домаќините се одлепија на 22-17 предност која успеаа да ја зачуваат до крајот.
Најпрецизен на мечот беа Златко Хорват и Наумче Мојсоски со по седум постигнати гола, Жарко Марковиќ погоди пет за Металург, а Копљар и
Штрлек дадоа по 4 за победничкиот тим. Голманот Станиќ на голот на
македонскиот првак забележа 12 одбрани, додека Шего имаше 11 успешни интервенции.