Иако уште во 2000 година престана активно да се занимава со манекенство, Синди Крафорд одлучи потполно да се повлече од јавниот живот и целосно да се посвети на своето семејство. Тоа симболично ќе го направи на 20 февруари кога ќе го прослави својот 50. роденден. Една од најславните светски манекенки, која како модел почна да работи на 17 години, истакна дека повеќе нема потреба да се докажува и дека е време да и каже збогум на професијата која ја прослави.
Изјави како е сигурна дека ќе се фотографира барем уште десет години, но не како модел. Некогашната кралица на модните писти, која со сопругот Ренди Гербер има син и ќерка, додава дека во својата долга кариера имаше привилегија да работи со најдобрите фотографи на светот и дека не и преостанува ништо друго што може да направи на професионален план.