Славниот пар Аманда Сајфред и Џастин Лонг раскинаа после нешто повеќе од две години забавување. Извор близок до актерите откри дека од пред неколку седмици тие повеќе не се заедно, а раскинувањето посебно тешко му падна на Џастин. Изворот вели дека срцето на актерот е скршено откако Аманда го остави пред неколку седмици. Тие се запознаа летото 2013 година и тоа преку Инстаграм.
Актерката раскажа дека ја насмеал еден негов коментар па решила да му исптари порака. Џастин минатата година изјави дека нивната врска е сериозна, но извори сега тврдат дека тие веќе некое време се соочуваат со проблеми. Имале сосем различни распореди и воделе поинакви животи. Едноставно премногу се оддалечиле.