На ниво на општина Охрид, основното образование го завршуваат 709 ученици, на кои им претстои запишување во средните училишта. Првиот, јунски, уписен рок е на 17- ти и 18- ти јуни.
Во охридската гимназија вкупно слободни места за запишување во прва година се 442. Од нив 272 во гимназиски паралелки, 136 во економските и 34 од здравствена струка.
Во Електро- машинскиот училишен центар Св. Наум Охридски, во прва година ќе може да се запишат вкупно 432 ученика во 13 паралелки.
И во средното угостителско училиште Ванчо Питошески предвидени се 272 слободни места за запишување и тоа во 8 паралелки.
Матурантите, пак, треба да полагаат државна матура која е услов да продолжат со високо образование. Првото запишување на факултетите е во август.