На повидок е разделба помеѓу Амак СП и тренерот Марјан Лазовски. Скопјанецот кој во Охрид го донесе првиот трофеј во клупската историја не ја исполнил втората цел која се наметнала во текот на првенството.
–
При неговото ангажирање се договоривме барем една титула да се донесе во Охрид и тој договор Лазоски целосно го исполни. Генерално сум задоволен со тоа, но секогаш останува неисполнувањето на втората цел која беше скриена. Не ја објавивме од самиот почеток толку гласно, а сепак беше поставена на поинаков начин. Токму неосвојувањето на шампионската титула ќе биде предмет на посебна анализа и донесување на мерки и заклучоци во тој правец – истакна Венко Шапкар, првиот човек на Амак СП.
Од клубот највуваат доведување на нов, како што велат, голем стратег. Она што пак е сигурно , е тоа дека АМАК СП наредната година нема да учествуваат во Европа.
– Искуството од таму е многу големо, но бенефитот е многу мал – вели Венко Шапкар.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com