Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски доби тешка повреда на пријателскиот меч Левски – Легија и ќе паузира до крајот на сезоната.

Според информациите од Бугарија, играчот за врска ги скинал лигаментите на коленото во дуелот што неговиот Левски го добил со 2-0. Но останува дополнителните лекарски прегледи да го одредат точниот период на отсуство на Тасевски, кој требаше да биде и адут на селекторот Мирсад Јонуз.

OHridnews