Меѓународната автомобилска организација (ФИА) му ги одзеде бодовите на актуелниот Ф1 првак Луис Хамилтон од прватаовогодинешна трка во Австралија, но тоа не е се, на Британецот му се заканува и комплетно исклучување од натпреварите.

Трката за големата награда на Австрлија, актуелниот првак Хамилтон ја заврши на 4-то место, но откако стујартите го обвинија Јарно Трули дека го престигнал за време на возењето со сигурносното возило на стаза, англичанцот го завзеде 3-то место. 



Сепак ФИА не оставиле ништо на случајност и детално го проучила случајот, по што дошле до заклучок дека Хамилтон толку многу забавил за време на возењето со сигурносното возило на стаза, што на Трули не му преостанувало ништо друго освен да го претекне.

Ваквата одлука ФИА ја донела откако беа преслушани разговорите меѓу боксот на Мекларен и Хамилтон, за време на трката минатата недела.

ФИА заклучила дека Хамилтон намерно се обиделе да ги залаже судиите, што е против спортскиот кодекс, а со тоа му се закамува казна од забрана на поедини трки, до потполно исклучување од сезонава на Ф1.

Ohridnews