Заврши првиот дел од регуларната сезона во македонската кошаркарска Прва лига. По првиот дел пласман во Супер лигата обезбедуваат првопласираните шест екипи, кои во наредните десет кола ќе го дадат конечниот распоред по кој ќе се стартува во разигрувањето за титулата.


Во плеј- аутот ќе играат Плејмејкер, Вардар 2000 и Мзт Скопје.


Резултати 18 коло:

О. Поле – Пелистер 80-68, МЗТ Скопје – Вардар 2000 81-76, Работнички – Плејмејкер К. 86 -92, Торус – Фени И. 82-80


Табела: Вардар О. 31 бод, Фени И. 29, Работнички 25, Пелистер 24, Торус 24, О. Поле 23, Плејмејкер К. 21, МЗТ Скопје 20, Вардар 19.

М.П.