Фудбалската експедиција на Ренова ги заврши десетдневните подготовки во Охрид. „Гипсарите“ одиграа три контролни натпревари на кои забележаа две победи (Пелистер 2-0 и Зајз 3-1) и едно реми со Гостивар 1-1.


– Кога ќе се собере се јас сум задоволен од подготовките во Охрид. Натпреварите кои ги одигравме ги искористивме одлично за пополнување на недостатоците и поголема воиграност на играчите – рече тренерот на Ренова, Ќатип Османи.

Фудбалскиот шампионат ќе започне за две седмици, Османи во Охрид го комплетираше мозаикот, кој треба да ја однесе Ренова на врвот од табелата.

Мх.П.