Американската телевизиска мрежа CBS неодамна објавила листа на сериите кои ќе се прикажуваат и во наредната сезона 2012/2013, а на неа на изненадување на голем број обожаватели, не се нашле популарните серии за форезничарите од Мајами и Њујорк.
Овие серии, кои се своеврсно продолжение на серијата за истражителите од Лас Вегас, во која за прв пат дејството се фокусирало на работата на форезничарите, би можеле да исчезнат од малите екрани, исто како и серијата „Два и пол мажи“, чија гледаност прилично опаднала откако Ештон Качер го заменил Чарли Шин.