Македонската ракометна гордост Кометал Ѓорче Петров ги загуби и теоретските шанси за продолжување на натпреварите во евро куповите, откако во претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите во фазата по групи стигна до пирова победа над Ларвик од 27:25.

За опстанок на евро сцената на Кометал му беше потребна победа од 4 гола разлика, бидејќи Ларвик славеше во првиот натперавар со 27:24. Кометалки беа блиску до подвиг, но при резултат 27:24 ја погодија само пречката, а од полуконтарата Ларвик го постави конечниот резултат 27:25.

И покрај елиминацијата во можеби најслабата евро сезона, на ракометарките на Кометал треба да им се честита на залагањето и на триумфот кој беше остварен со само девет играчи колку што на раполагање за оваа средба имаше стратегот на „Ѓорче“, Савевски.

ohridnews