Неофицијално, британските амбасадори се предупредени да бидат подготвени на некогаш незамисливо, а сега доста веројатно сценаријо-крах на еврото, што би можело да предизвика масовни нереди и протести.
Висок функционер од британското министерство за финансиии откри дека владата идната политика ја планира врз основа на тоа дека крахот на еврото е прашање на време.
„Во наш интерес е валутата да се одржи што подолго за и ние да имаме подолго време да се подготвиме“ изјавил владин функционер за Дејли телеграф.
Со оглед на тоа на амбасадорите им биле дадени инструкции да се подготват на сите можни сценарија кои би биле последица на падот на еврото. Со масовните отпуштања што би се случиле и зголемената невработеност, би се создале „идеални“ услови настанување на револуции.
Дипломатите во земјите од еврозоната би требало да им помогнат на Британците во смисла на можностите за пристап до банкарските сметки и извлекувањето на депозитите од странските банки.
Нередите во Грција на британската влада и послужиле како показател дека не треба да исклучуваат и слични сценарија во другите земји. Посебно внимание му даваат на случајот во Италија со оглед на тоа дека Меркeл и Саркози истакнаа дека со крахот на Италија би се случило и крах на еврото, пишува Телеграф.
Предупредувањата не стигнуваат само од политичките, туку и од стручните кругови. Вчера францускиот економист и поранешен претседател на Европската банка за обнова и развој, Жак Атали изјави дека еврото би можело да пропаднне веќе до Божик.