Вчера непознат сторител(и) провалил во црквата Св. Јован Канео во Охрид од каде украл помала сума пари. За среќа од црквата која и пред три месеци беше цел на крадците не е се украдени икони или други вредни предмети.
Од СВР Охрид велат дека случајот е евидентиран. На местото на настанот извршена е истрага и се работи на откривање на провалниците.