Пред повеќе од две седмици многу „лесно и стручно“ дуќанот на “Фото рекс“ во охридската чаршија беше ограбен од двајца (сеуште) непознати сторители. Вештите крадци однесоа роба во вредност од повеќе илјади евра. И покрај снимките од сигурносните камери пред и во продавницата на кои јасно се гледа како оперираат крадците, тие сеуште се на слобода. Извори од полицијата велат дека истрагата е на добар пат и наскоро тие ќе бидат фатени. Во продолжение уште еднаш видео клипот од кражбата (24. август, 6.30 часот) со детали и од случувањата кои претходеа на самата кражба. Можеби овие нови моменти ќе помогнат во решавање на случајот.


Get the Flash Player to see this player.

С.Костоски