Четворица крадци провалиле во германската фабрика “Баер“ и украла две торби во кои имало таблети за потенција вредни околу 400 илјади евра. Крадците ја пресекле жичаната ограда, го скршиле прозорецот и побегнале.


“Баер“ понудил награда од 15 илјади евра за информација која ќе им помогне во фаќањето на крадците, или во пронаоѓањето на повеќе од половина од украдените таблети. Познатата германска фармацевтска компанија овој препарат сличен на вијаграта започнала да го произведува во 2003 година. Украдената количина се произведувала пет дена за светскиот пазар.