Две лица украле мост во југозападна Полска и го продале во делови, соопштила полицијата во Вроцлав. Мостот, кој го користел локалниот рудник, бил разделен на неколку делови кои крадците ги носеле на тури во фабриката за рециклирање на метал. Крадците биле фатени сосем случајно.

Тие ја возеле последната тура кога камионот се расипал. Обезбедувањето од рудникот го забележал сомнителниот камион паркиран покрај патот и повикале полиција. Крадците доколку бидат осудени се соочуваат со казна затвор од пет години.