Во необична кражба во Виена, крадците од складиштето на една фабрика за печење кафе, украле два тона кафе, соопштила австриската полиција.

Полицијата навела дека крадците упаднале во складот во источниоот дел на Виена и дека украденото кафе го натовариле во украдено комбе, и заминале во непознат правец. Се проценува дека вредноста на украденото кафе и комбето е поголема од 55 илјади евра. Крадците со себе понеле и две машини за пржење кафе.