Во австриската покраина Штаерска, пред неколку ноќи, крадци украле еден тон јагоди со вкупна вредност од 2400 евра.
Локалната полиција соопштила дека Во Калздорф, во близина на главниот град на покраината Грац, крадците ја пресекле оградата и собрале десет реда од посадените јагоди. Не е познато кој го украл овошјето, ниту тоа каде завршиле јагодите.