Крадци се качиле преку оградата на еден затвор и од истиот украле цигари во вредност од 8000 фунти. Кражбата која се случила во затворот Киркхам, во близина на британскиот град Престон, била огромен срам за целото правосудно министерство, според граѓаните на тој град. Еден од граѓаните изјавил дека затворениците на можат да дочекаат да излезат од затворот, а кога се случува спротивно, тоа предизвикува сериозен проблем.
Една од теориите е дека тоа е дополнителна работа на затворениците. Имено, сигурноста во магацинот во затворот не била на некое високо ниво, па постои претпоставка дека вработените меѓу себе ја договориле и организирале кражбата. Додека во затворот се обидуваат да го идентификуваат крадецот, претставниците на министерството изјавиле дека ова повеќе не е проблем на затворот, туку на целата полиција.