Крадци во Мумбај ја ограбиле државната банка преку тунел кој бил долг осум метри. На крадците им биле потребни четири месеци за да го ископаат тунелот. Од полицијата за Би-би-си изјавиле дека од трезорот е изнесено големо количество накит и пари и дека сè уште се проценува вкупната вредност. Властите веруваат дека крадците изнајмиле простор во близина на банката Барода и дека оттаму го ископале тунелот, а во изнајмениот простор отвориле продавница.
Сè уште не е познато како успеале четири месеци да го копаат тунелот, а никој да не ги забележи.
„Сета моја животна заштеда се наоѓаше во таа банка. Накитот што со генерации беше во моето семејство сега е изгубен“, изјави Дагду Гавани за „Мумбај мирор“.
OhridNews
Макфакс