Непознати лица однеле 16 вредни икони од три цркви во струшко. Во грабежот што се случил синоќа од црквата Света Бородица во селото Јабланица биле украдени 7 икони, меѓу кои и една од Дичо Зограф од 1842 година. Во истото село била ограбена и црквата Св. Мартинија од која се одземени пет икони, меѓу кои и вредната икона на Свети Никола која датира од 1824 година. Во грабежот настрадала и црквата Свети Димитрија во селото Безево од каде биле украдени 4 икони.
Од надлежната епархија се сомневаат дека зад грабежот стои добро организирана група, која точно знаела кои биле највредните икони.
За само месец и половина во струшко се ограбени пет цркви. Претходно настрадаа уште две цркви во Долна Белица и Ташмаруништа. Пред две години ограбени беа две цркви во с. Октиси, а од црквата Св. Богородица Болничка во Охрид крадци со себе однесоа дел од моштите на светите маченици Кирик и Јулита.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com