Крадците кои имале намера да украдат пари од сопственикот на една пицерија во Њујорк, побегнале со торбата во која имало тесто за пица, соопштила полицијата на Њујорк. Салваторе Лароца и еден негов соучесник ги следеле сопствениците на пицеријата „Брадрс“, а потоа им се заканувале со оружје барајќи им пари.


Разбојниците потоа барале од сопствениците да им ја предадат торбата за која верувале дека во неа се наоѓа дневниот промет на пицеријата. Наместо пари, крадците добиле торба полна со тесто за пица.