Германците Дитер Милер и Ренер Клосе го напуштиле украдениот автомобил и продолжиле да бегаат од полицијата низ шума. Успеале да побегнат и планирале да се раздени за да излезат на чистина, но набрзо ги опкружило крдо диви свињи.

Од страв се качиле на дрво, но животните не ги оставале на мира, па одлучиле дека попаметно е да повикаат полиција.


Веднаш по доаѓањето полицијата ги уапсила за кражба.

– Беа престрашени. Одлучиле дека се побезбедни во рацете на полицијата, отколку со свињите, – рекол портпаролот на полицијата.