Крадци ја украле златната Нобелова награда за мир доделена во 30-тите години од минатиот век, соопштила полицијата во северна Англија. Полицијата на Нортамбри соопштила дека крадците влегле во подрумот на куќата на градоначалникот на Њукасл ноќта помеѓу 1 и 2 април и украла голем број многу ретки предмети чија вредност се проценува на околу 150 илјади фунти.

Полицијата исто така соопштила дека крадците однеле и поголема количина античка сребренарија, освен Нобеловата награда за мир која во 1934 година му била доделена на поранешниот министер за надворешни работи Артур Хендерсон за залуги во меѓународното разоружување. Полицијата упатила апел за помош во пронаоѓањето на украдените предмети, соопштувајќи дека украдената награда е многу ретка, препознатлива и историски значајна.