Животот на жена која боледува од Паркинсонова болест бил спасен благодарение на “интервенцијата” на двајца крадци кои провалиле во нејзиниот дом во Белгија.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, 68 годишната Бернадет паднала во својота куќа во Шарлоу, југозападна Белгија и не можеле да се подигне.
Откако паднав сфатив дека сум во животна опасност, неможев да се поместам и останав да лежам на подот многу долго време. Во еден момент слушнав бука и сфатив дека во мојот дом влегоа крадци па викав за да ми помогнат” изјавила жената.
Двајцата провалници го слушнале викањето на жената но место да побегнат одлучиле да и помогнат па едниот од нив повикал брза помош и и го подал телефонот.
Откако и помогнале да се исправи таа им рекла дека можат да земат што сакаат за тоа што го направиле. Крадците седеле со неа се додека не пристигнала брзата помош, а кога се појавил првиот доктор тие избегале и со нив зеле стар сат и ланче.
Тоа што се случи беше вистинско чудо, благодарение на нив сега зборувам со вас” додала Бернадет.