Еден австралиски месар од Водонг дошол на работа во својата месара и се шокирал кога нашол коверт со парите кои му ги украле претходниот месец.
Непознатите крадци му вратиле околу 5000 долари, односно точно колку што украле. Во писмото напишале дека жалат што постапиле така и дека тоа го сториле без добро да размислат за последиците.