Група дрски крадци го украле смартфонот на шефот на полицијата во Париз, додека се качувал на воз, соопштиле француски полициски извори. како не би забележал дека му го вадат телефонот од џебот, крадците дошле на идеја на железничката станица во Лион да го замолат да потпише некоја петиција.


Според полицикските извори, во телефонот немало чуствителни податоци. Незгодниот инцидент се случил токму во моментот кога францускиот министер за внатрешни работи ги информирал граѓаните на се поголемата опасност од кражби на мобилните телефони.