Селото Куратица повторно е на мета на крдците на казани за печење  ракија.

Како што информират од Месната заедница во селото минатата недела бил украден уште еден казан за печење ракија. Сопствениците забележале дека вратата од подрумот од семејната куќе е оштетена, а казанот за ракија го нема, при што веднаш ја известиле полиција, од каде добиле информација дека таа не може веднаш да интервенира.

Од МЗ Куратица велат дека во селото до сега се случени повеќе кражби на казани за печење ракија и дека полицијата не открила ниту еден од крадците.

Казаните за печење ракија се честа мета на крадците поради бакарот кој го продаваат на откупувачите на старо железо.

OhridNews